Македонците негативни на рапид тестовите во Каиро

Македонската репрезентација пристигна во Каиро и како што е протоколот веднаш беше тестирана.



Првото тестирање беше во автобусот, со рапид тестови. Веднаш ги добија и резултатите и тие се одлични. Сите македонски репрезентативци и членови на експедицијата се Ковид негативни. 


По пристигнувањето во хотелот уште еднаш беа тестирани со ПЦР тестови и вечерва евентуално утре ги чекаат резултатите и од нив. 

„Се мина во ред. Загубивме еден час со тестирањето, но стигнавме, сместени сме во хотелот. Колку што можевме да видиме се почитуваат протоколите, имавме придружба за цело време. Засега тоа е, утре имаме тренинг и во меѓувреме ги чекаме и резултатите од ПЦР тестовите“, изјави селекторот Данило Брестовац. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk