Македонија замина на СП Египет

Осум месеци траеше патот, голготата на македонскиот тим кон Каиро. Од моментот кога ЕХФ објави дека на мундијалот одат првите 15 од ЕП 2020 до моментот кога Чешка мораше да се помири дека ја загубила оваа трка. 



Вечерва, конечно, македонскиот тим замина за Каиро. Ги чека не многу долг лет, но затоа долга процедура. По слестување одат на ВИП излез, а во меѓувреме им се мери температура. Потоа веројатно уште во автобус ќе им бидат земени примероци и а во хотел одат директно во изолација.





Потоа така секој сам за себе ќе чека добри вести од тестирањето за да може да ја напуштат собата. Подвлечено, денеска нема ништо да видиме од македонската репрезентација, целиот ден им е резервиран за патување, а утре веќе ќе бидат на терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk