Норвешка: Овде е див запад

Мундијалот почнува денеска, репрезентациите се уште не се собрани во Каиро. Тие што веќе се таму, почнуваат да се адаптираат. Меѓу нив најпребирливи, како и секогаш се Норвежаните.



„Имавме верба дека ќе биде се испочитувано. Но, барем досега се што видовме е пародија“, изјави Сандер Сагосен, оценувајќи го СП досега нешто помеѓу „Слобен пад“ и “Див запад“.  

Норвежаните од аеродром до хотел биле префлрени со автобус кој бил херметички затворен, без можност да се гледа недвор низ прозорецот и обратно. Таквото возење кај многу играчи предизвикало мачнина и нагон за повраќање. 

Втора работа што им паднала во очи е дека не се почитува протоколот во хотелите. 

„Девојките во Данска за време на ЕП беа во 'балон'. Ова тешко дека може да се нарече така. Луѓе без маски слободно влегуваат и излегуваат од хотелот, има многу луѓе во хотелот што не знаеме воопшто дали се дел од апаратурата на ИХФ. На катот кај нас е поставен тест центар каде секој што влегува во хотелот мора да се провери и помине. Баравме да биде преместен“, вели селекторот Берге. 



„Делиме хотел со уште шест репрезентации. Специфично баравме да не јадеме во иста просторија. Беше ветено, но не беше испочитувано, овде сите јадеме заедно, премногу сме блиску со храната едни до други“, вели Берге. 

Но, најголемиот проблем е тренингот.

„Патуваме два часа во еден правец, имаме вкупно два часа термин во салата и потоа се враќаме назад. Се возиме повеќе од четири часа  на ден, за еден час тренинг. Тоа е премногу. Баравме сала што е поблиску, но го добивме само ова“. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk