СП 2021: Можеме ли против десеткуваната Шведска?

Мундијалската завеса се крева денеска, а веќе утре на терен ќе ја видиме и Македонија. Во првото коло од 20:30 часот, Македонија ќе игра против Шведска. 



Шведска и Македонија, секоја со своја мака и своја амбиција стигнуваа на мундијалот. Швеѓаните се во предност во однос на Македонија со тоа што тие одамна знаеја дека ќе играат на СП, психолошки се подготвени, имаа подготовки насочени кон мундијалот... но, насочени кон дуел со Чешка. Можеме да ги замислиме како вчера почнуваат одново со анализи, но овој пат на Македонија... не беа многу среќни со ваквиот расплет.
Шведска на ова СП оди десеткувана. Недостасуваат дури девет стандарни репрезентативци. И тоа не кој било, туку најдобарите: Никлас Екберг, Андреас Нилсон, Јеспер Нилсен, Лукас Нилсон, Албин Лагергрин, Михаел Апелгрин, Антон Линдског, Симон Јепсон и Линус Арнесон. 



Но, ова беа познати и неколкупати повторувани факти. Многу помалку се зборуваше за тимот што ќе настапи на СП. Не е воопшто за потценување екипата на Шведска и ваква каква што е. 
Прв голман им е Адреас Палицка, а покрај него уште се и Михаел Агефорс и Петер Јоханесон. 
Лево крило; Хампус Ване* (доскоро ковид позитивен) или Лукас Пелас.
Десни крила Валтер Кринц и Даниел Петерсон. 
Леви бекови: Јонатан Карлсбогард, Алфред Јонсон, Оскар Сунефелт.
Средни бекови: Јим Готфридсон, Феликс Клар, Јонатан Едвардсон
Десни бекови: Лунус Персон, Лукас Сандел и Јак Турин. 
Пикери: Макс Дар и Фредрик Петерсон. 

„Секако дека можеме да се носиме со овој тим на Шведска“, вели селекторот на Македонија, Данило Брестовац. „За нас сега хендикеп е што денеска го губиме денот со патување, вечерва ќе бидеме изолирани и ќе чекаме резултати и нема да можеме да тренираме. Утре, малку време за аклиматизација, сепак, одиме на друг континент каде температурата е над 25 степени. Во зависност од тоа што ќе се случува вечерва би можеле утре да имаме еден тренинг, но далеку е тоа од оној вистински тренинг со спремање тактика. Имаме снимки од нивните последни натпревари, ќе анализираме колку што можеме, односно колку што ќе ни дозволи времето. Во ваква ситуација, сепак, подобро е да се фокусираме на тоа ние што треба да го правиме“, вели селекторот Брестовац. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk