Младеновиќ потпиша за Охрид

Новопечениот репрезентативец на Македонија, Михајло Младеновиќ, на денот на заминување на СП потпиша и договор со нов клуб. 



Михајло Младеновиќ, ракометар што ќе го видиме и на мундијалот во Египет, денеска го официјализираше трансферот од Металург во Охрид.
Младеновиќ повеќе од три години беше член на Металург и патем на јуниорската репрезентација на Македонија. Годинава реши да побара исписница и потрагата по поголема минутажа да ја победа во нова средина. 

Се зборуваше за два можни клуба, Охрид и Е. Пелистер 2, за денеска откако ја доби исписницата да се пресели во Охрид. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk