Почина тренерот со кој Македонија го направи првиот успех

Ракометот во Македонија е спорт број еден. Можеби за дискусија, сеедно, но од агол на ракометен фан ова е спортот што дваесетина години наназад е перјаницата на македонскиот спорт во континуитет во Европа. 



Но пред да стане ракометот спорт со најмногу успеси, приказната беше поинаква. Пресвртот се случи во 1997 година кога женската репрезентација испратена како аутсајдер на СП Германија почна една по една да ги победува големите ракометни сили. Се потоа е историја.
На клупата на таа репрезентација седеше Богдан Маковеј, романски стратег, подоцна тренер на Кометал Ѓ. Петров, познат меѓудруото и по тоа што и со романските ракометарки во Скопје комуницираше на македонски јазик. 

Богдан Маковеј почина денеска, на 67 годишна возраст. Во Романија е „црн“ ракометен ден, но Маковеј со многу што ја задолжи и ракометната Македонија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk