Еден играч и четворица од тренерскиот тим на Бразил се позитивни на Ковид 19.
Бразил се наоѓа во неволја пред доаѓањето во Каиро за настап на Светското првенство. Подготовките на тимот се одвиваа во Португалија, а на денешното тестирање четворица од тренерскиот тим и еден од ракометарите се позитивни на Ковид.
Ова е потенцијален кластер, со оглед на тоа дека сите имале контакти со целиот тим и можни се понатамошни позитивни случаи.