Конго Челинџ: Да се симне стегачот на Микел Хансен

Какво ќе биде следното СП? Да му се плаче на човек кога ќе види кој се ќе игра, а најдобриот стрелец во историјата на сингл СП и на сите времиња на СП чека на стенд бај кариерата да ја заврши таму каде што ја почна...



Австрија губи 1-12 по 16 минути игра со Германија на која и фалат девет стандарни првотимци. Чиле игра нерешено со Работнички во Скопје, Чешка само што не гo убедлила Филип Јиха да одигра барем уште еден меч колку да имаат состав за СП откако сите други им се короносани. На Шведска и откажаа девет играчи, но кој ќе му ја мисли, имаат до 35 да одбројуваат уште многу, Белорусија го казни бришење од списокот својот најдобар играч Пуховски, но ехе, Тунис избриша тројца такви непослушни ѕвезди.
Алжир се радува што организаторот објави дека ќе праќа чартер авиони за земјите каде аеродромите се затворени. Во Алжир се затворени поради Ковид. 
Капе Верде го има на сите банкомати на зелените острови како собира донации за првиот настап на мундијал во кој било спорт во државата.
На СП нема да игра ни Русија, туку тимот на руската ракометна федерација без знаме, химна, грб, па и без Дибиров, Калараш кои за малку го претркаа претседателот Шишкарјов и се откажаа пред тој да ги откаже нив. Фина селекција што треба да направи разлика и да влијае во развојот на ракометот во Европа. Барем така слушнавме кога им ја доделуваа вајлд картата. 
САД собра репрзентација преку мали огласи и бомбастично објави дека направиле голем успех што ќе ги пренесува ESPN. Повратниот ефект го чекаме кога жедната за ракомет публика од Калифорнија до Алјаска ќе ги види на дело своите миленици против Норвешка и Франција.
Селекторот на Мароко, пак, вели дека ако се сретнат со САД би биле аутсајдери...

На СП нема да има публика, нема да има ниту новинари. Всушност ќе има новинари кои ќе ги пренесуваат вестите и кои успеаја да направат хаос уште со првиот наслов што го објавија, а тоа е дека на СП - нема да има новинари. Потоа објаснуваа дека всушност ќе има новинари, ама...

На СП ќе игра и ДР Конго. Тие не можеа да се соберат во својата држава, па се собраа во Франција. Таму се подготвуваа и денеска пристигнаа во Каиро. 
Во тимот на Конго игра и Готје Емвумби. Гарантираме дека тој е единствениот играч од Конго што нема да го заборавите во следните 10 години.
Пикер на францускиот тим Дру. Нема одиграно ниту еден натпревар од 10 октомври, но тоа не му е проблем. 

„И тие имаат две раце и две нозе, исто и ние. Го имаат и Микел Хансен што има стегач на главата, па во тимот имаме челинџ - симнете му го од главата. Не знам што ќе добие тој што ќе успее, но ќе биде интересно“, ги објасни амбициите на тимот пикерот за кого без да гледаме во статистиките, можеме да се обложиме дека ќе  е најтешкиот играч на турнирот. 
„Немаме што да загубиме, ќе играме најдобро што знаеме и се надеваме дека некого ќе успееме да изнервираме“, изјави Емвумби за францускиор Ле Републикан. 



Во целава приказна е и Македонија. Чекаме со спремни пасоши и негативни ПЦР тестови некој утне со Ковид. Со се Кирил Лазаров, најдобриот стрелец на едно СП и во историјата на ЛШ. Тој репрезентативната кариера  ја почна како и требаше да ја заврши таму каде што ја почна - во Каиро. 

Нема да го видиме Лазаров во Каиро, но место колку гола има најдобриот стрелец ќе има нова игра - кој ќе го симне стегачот од главата на Микел Хансен. Веруваме дека падантните статистичари од ESPN на крајот на турнирот ќе имаат статистички податок и за оваа категорија. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk