Се разделија Тиквеш и Томе Петрески

Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Томе Петрески не е веќе тренер на екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци.



Кавадарчани ќе имаат нов тренер во продолжението на првенството во кое ќе се борат за опстанок во Плеј аут лигата. Клубот го раскина договорот со нивниот досегашен тренер Томе Петрески и во иднина секој ќе оди по својот пат. 

Кавадаречкиот тим до последен момент беше во игра за Плеј оф, но во последното коло Е. Пелистер 2 со победата над Прилеп прв мина низ финишот и се пласираше во Плеј оф. 
Тиквеш генерално остави позитивен впечаток во шампионатот. Сезонава за волја на вистината ниту еден од тимовите не можеше да влезе во вистинскиот ритам поради паузите со Ковид 19, а кавадарчани не се исклучок во приказната. Но и натаму се во улога на фаворити за едно од двете места што нудат опстанок во најсилната конкуренција.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk