СП Египет 2021 без новинари!

Рака под рака со одлуката да нема публика на трибините, дојде и нова уникатно, но очекувана одлука - На СП нема да има медиуми. 


Медиумскиот тим на Локалниот организациски комитет ќе ги сервира мундијалските вести на веб страната и трите социјални мрежи (ФБ, Твитер, Инстаграм). Прес-конференциите и онака беа планирани да се реализираат онлајн.
Физичкото присуство на новинари без разлика дали се домашни или странски што се надвор од натпреварувачкиот „балон“ е забрането. Акредитираните новинари што ќе живеат во „балонот“ со ист третман како и гледачите ќе можат да присуствуваат на натпреварите.
Со ова одлука најмногу ќе настрадаат домашните медиуми кои ако сакаат да присуствуваат на натпреварите иако живеат на пример во Каиро, ќе мораат да одат во изолација во хотел што е во „балонот“, а според понудата што претходно ја имаше објавено ИХФ, најефтината варијанта пак, за полн пансион и превоз хотел-сала, во таков хотел е 200 евра дневно по човек во двокреветна соба. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk