Почнува расплетот за СП за Македонија

Ќе игра ли Македонија на СП или не? Расплетот почнува денеска, ќе трае три дена. 


Македонија во улога на прва резерва за СП го чека финалниот расплет што ќе трае три дена. Од денеска до среда во Каиро треба да стигнат 30 репрезентации. Сите ќе бидат тестирани за Ковид. Евентуалните позитивни наоди можат да значат карантин, можат да значат и дисквалификација. 

Јапонија и Египет се веќе во „балонот“, а денеска доаѓаат пет репрезентации. 

ДР Конго, Исланд, Португалија, Белорусија и Аргентина. 

ДР Конго се собра и тренираше во Франција каде му се грото играчи и имаше проблем со тестовите за Ковид, што се надминати. Најмалку информации имаше за оваа земја која единствениот контролен меч го имаше во октомври, а на тренинг е само седум дена. Се подготвуваше во Франција, а уште од сега можеме да се обложиме дека ќе го имаат најтешкиот играч на првенството. 
Аргентина беше на турнир во Русија каде што играше неколку контролни натпревари со Русија, Шпанија Б... Исланд и Португалија доаѓаат заедно од Хафнарфјордур каде синоќа играа квалификациски натпревар.
Белорусија доаѓа со мини скандал во своите редови. Го нема Борис Пуховски во тимот. Нивниот најдобар играч беше деградиран во вториот тим кој пак играше во квалификациите за ЕП 2022 против вториот тим на Норвешка. 

Првиот ден од СП за сите ќе биде резервиран за тестирање и непријатната пауза во која во изолација се чекаат резултатите. Тестирањата ќе станат секојдневие, закажани се на секои 72 часа.
Но, од агол на македонски фан, најбитните тестови се тие при пристигнувањето. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk