Организаторот на мундијалот во Египет, ги послуша екипите и донесе финална одлука Светското првенство да се игра без публика.
Иницијативата на Микел Хансен, Сандер Сагосен подоцна нашироко прифатена во скандинавијата и од Европската Унија на играчи донесе резултат.
Мундијалот ќе се игра без публика.
Египет планираше прво 30, потоа 20% од капацитетот на салите да биде со гледачи, но откако тоа наиде на незадоволство кај учесниците, ја промени одлуката.
Ќе биде тажно ова СП, како што беше тажен и европскиот женски шампионат, но здравјето е врвен приоритет, па мораже да има ваква жртва.