Мандалиниќ се одомаќини во Битола

Битолчани ги поќнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во кои меѓудругото ги чекаат и европски и домашни предизвици. со тренинзи почнаа вчера, а планирано им е гостување во Словенија и Хрватска и дуели со Целје и ППД Загреб. Во пресрет на таа акција, денеска одново односно официјално го промовираа новиот договор на нивниот најдобар стрелец, Стипе Мандалиниќ. Завршија голема работа со продолжувањето на неговиот престој што, пак, е најава дека овој проект ќе трае со амбиции што треба да се зголемат.




Хрватскиот ас, родум од Сплит, не се најде на списокот на Лино Червар за настап на мундијалот во Египет. Е. Пелистер е единствениот фокус, а во меѓувреме добро се снашол и се одомаќини во Битола. 

„Првите шест месеци во Битола за мене беа едно убаво искуство. Немавме многу натпревари, не можевме добро да влеземе во форма, но во екипата гледам многу потенцијал и добро работиме и тренираме. Мојот впечаток за овие шест месеци е многу позитивен. Што се однесува до градот, градот е мал, но има душа. Живее за спортот, посебно за ракометот. Тука е одлично за моето семејство, во овој град се пронајдов, среќен сум во Битола и така ја договоривме соработката за следната сезона. Клубот се стреми за големи цели, почнувајќи од тренерот и стручниот штаб. Откако размислив и се консултирав одлучив да ја продолжам соработката, изјави Мандалиниќ. 
Засега му недостасува единствено публиката:
„За навивачите на Пелистер сум слушал од многумина, гледав и неколку натпревари на Интернет, минатата сезона против Веспрем и Мешков Брест, и тоа е навистина атмосфера која ти дава „ветер во грб“, баш кога треба да го прекршите натпреварот. Секому му недостигаат, но нам посебно. Таква публика со таков ентузијазам посебно ќе ни фали на големите натпревари. Но, ние може да им ветиме и ним и на граѓаните на Битола дека на секој натпревар ќе го дадеме максимумот“, изјави хрватскиот ракометар. 

foto: Еурофарм Пелистер

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk