Шведските судии отпаднаа од СП

Шведската судиска двоја Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик, отпаднаа од списокот на судии за СП Египет. 



Пред две недели имаа пред себе Фајнал Фор и Светско првенство, сега немаат ништо. Шведските судии Матијас Ветервик и Мирза Куртагиќ отпаднаа од списокот на арбитри за СП Египет. 
Двајцата се позитивни на Ковид 19.

Тие беа номинирани за полуфиналето меѓу ПСЖ и Барса, но кај еден од нив ковид тестот беше позитивен и беа вратени назад. Сега се и двајцата позитивни и нема да бидат дел од мундијалот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk