Брестовац направи три измени за денешниот меч

Селекторот на македонската репрезентација Данило Брестовац, за денешната средба со Чиле, направи три измени во составот. 



Данило Брестовац за денешната средба со Чиле во ростерот ќе го нема Кирил Лазаров. Капитенот на македонската репрезентација не играше ниту на првиот меч со јужноамериканската репрезентација, а нема да го видиме и денеска на теренот. Мартин Велковски и Мартин Серафимов ќе бидат потпората на десната бековска позиција. 
Никола Даниловски ќе биде на голот, на местото на Митревски или Томовски. Двајцата одбранија одлично на првиот меч, сега еден од нив ќе одмори . 
Марио Танкоски нема да биде во тимот, а нема да биде ниту Столе Стоилов кој дополнително беше повикан.  Никола Маркоски ќе биде во екипата. 

Натпреварот почнува во 17:30 часот, со оглед на тоа дека е пријателски натпревар, дополнителни измени во тимот се можни до последен момент. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk