Денеска нов тест со Чиле

Македонија денеска ќе игра втор и последен контролен натпревар во рамките на оваа фаза од подготовките. Дали ќе бидат тоа подготовки за СП или за мартовските квалификации, допрва ќе видиме. 



Македонија и натаму трпеливо ја чека својата шанса да настапи на Светското првенство во Египет. Откако админитративно на тој пат не минаа прво Франција, потоа Чиле, а на крајот и Полска и Русија, останува последната шанса. Некоја од 32-те репрезентации да не добие дозвола за настап. Шанси постојат, Чешка е во фокусот на нашето внимание, но може и која било друга репрезентација да биде изоставена, освен домаќинот и Јапонија која веќе седми ден е во Каиро. 
Ако се случи тоа, ќе се случи од вторник до четврток, малку е веројатно да биде ден порано, но ваквиот развој и не беше тешко да се предвиди доколку не се исцедила и последната капка оптимизам. Каков, пак, ќе биде епилогот, ќе видиме за три-четири дена.

Во меѓувреме, Данило Брестовац ја има на собир репрезентацијата што и во дванаесет и една минута би можела да стигне во Каиро. 

Денеска Македонија ќе го одигра својот втор натпревар со потенцијалниот противник на СП - Чиле. На првата средба со изменет состав и без Лазаров на терен, Македонија релативно лесно стигна до победа од 25-21. 

Денеска се игра вториот меч на кој веројатно и Лазаров ќе мине некоја минута на теренот. Дали, пак, ќе ги видиме Стоилов и Никола Маркоски, зависи од нив. Тие беа повикани за да одработат некој тренинг и да бидат во тек и ритам доколку одиме на СП. За Аларов и Лазаревски овие два меча се шанса да конкурираат за поинаква улога во репрезентацијата во иднина.

Средбата почнува во 17:30 часот, нема да има ТВ пренос и видео стрим, но на нашиот портал ќе имате можност да прочитате како се одвивал овој натпревар.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk