Mалодушната Франција спаси бод од Србија

Франција има репрезентација составена од имиња што влеваат стравопочит во клупскиот ракомет. Но, кога ќе се соберат заедно под звуците на „,марсељезата“, се претвораат во малодушен тим во кој секој влече на своја страна. 



Франција и Србија по победата на Србите (27-24) во Зрењанин, вечерва се сретнаа во париското предградие Кретеј. Французите најавуваа реванш, средбата заврши нерешено (26-26), а по звукот на сирената српските ракометари трчаа и се радуваа на освоениот бод. 
Вистината е дека Србите требаше да се држат за глава, а Франзуците да скокаат и да се радуваат на освоениот бод.

Србија водеше, односно имаше контрола на теренот практично од првиот до полседниот момент. Од 4-1 до последниот напад во кој Французите шутираа за победа. Го имаа екстра расположениот Владимир Цупара, феноменалниот екс играч на Металург и Вардар, Мијајло Марсениќ и на клупата Тони Херона. Се друго беше школски час по ракомет, борбеност, мотивираност, желба... многу за препишување и учење за дебитантот на клупата на Французите од искисниот мајстор од Шпанија кој исто така го одработува само вториот меч на клупата на Србија. . 

Дали Франција тактизира пред СП? Ако тактизира, тогаш се врвни мајстори во тоа што го работат, затоа што нас не убедија дека Гијом Жил треба што побрзо да си оди од клупата, иако ова му беше само втор натпревар. Не само што тактички играта на овој тим не соодветствува со квалитетот на играчите, туку „вознемирувачки“ лоша беше сликата на тајм аутите каде Жил беше опкружен со играчи без волја, лица без емоции, а и самиот убаво се вклопуваше во глетката.

Србија се радуваше на освоениот бод, но вистината е дека требаше да се држат за глава. Одиграа одличен натпревар и заслужија цел плен. Франција доби подарок што не го заслужи.

Србија сега има подобар скор од Французите и им престојат натпревари со Грција и Белгија. Ако одработат до крај и освојат осум бода, тоа значи дека ќе бидат во првиот шешир за ЕП 2022.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk