Бутел Скопје се раздели со двајца ракометари

Екипата на Бутел Скопје имаше успешна полусезона во која обезбеди пласман во Плеј оф лигата за пролетната сезона. Во меѓувреме, клубот се раздели со двајца досегашни ракометари. 



Двата десни бека, Сергеј Сулима и Ратко Димовски нема да бидат дел од екипата на Бутел Скопје на пролет. Искусниот Димовски ја завршува кариерата, а договорот со Сулима е спогодбено раскинат и Украинецот е слободен ракометар. 

Скопскиот клуб најави дека во следните денови ќе доведе нови играчи што ќе ги заменат двајцата досегашни ракометари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk