ПИК Сегед најде замена за Сигурмансон

Еден ден откако откако објави дека се разделува со Стефан Сигурмансон, ПИК Сегед објави и кој играч ќе го замени.



ПИК Сегед се откажа од можноста да го доведе Давид Мандиќ од ППД Загреб и на местото на Стефан Сигурмансон со кого вчера го раскина договорот, донесе играч од Австрија. 

Себастијан Фримел (25) досега настпуваше за швајцарската екипа Кадетен Шафхаузен е изборот на Унгарците за позицијата лево крило. Таму го имаат и времешниот Јонас Калман кој наскоро би требало да го видиме и во тренерска улога. 

Фримел е првиот Австриец што ќе заигра за ПИК Сегед. Странци од 17 различни држави досега играле за Сегед, тој ќе биде 18-тиот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk