Чешка го продолжи карантинот, рекорден број на позитивни

Ракометната репрезентација на Чешка не се откажува од СП по цена и да седат во изолација до полетувањето за Египет или пак да испратат сосема нов тим, играчи што немале контакти со првите 22 ракометари. Но, Чешката репрезентација е дел од поширока Ковид приказна што се случува во оваа држава. 



Помалку изненадувачки беше моментот што 11 ракометари и членови на стручниот штаб на Чешка се позитивни на Ковид. Други пет стандардни репрезентативци од кои двајца се пожалиле дека не се чувствуваат добро останаа беа во изолација и воопшто не отпатуваа за Торшавн. На Фарските острови им беа детектирани вкупно осум случаи од кои шест се ракометари.

Ракометната репрезентација на Чешка не се откажува од СП по цена и да седат во изолација до полетувањето за Египет или пак да испратат сосема нов тим, играчи што немале контакти со првите 22 ракометари. Но, Чешката репрезентација е дел од поширока Ковид приказна што се случува во оваа држава. Не се радуваме на туѓата мака, но прашање е дали Чешка ќе може и дали Чешка треба да учествува на мундијалот, особено ако не може да смета на своите први 22 играчи. 

Чешка е под најсилниот бран на Ковид од почетокот на кризата. Вчера беа регистрирани рекордни, 18.000 позитивни во еден ден. За држава од околу 10,5 милиони жители тоа е голема бројка. Ако споредиме според број на жители и повлечеме паралела со Макеоднија, то би било како овде да имаме нешто повеќе од 3.500 позитивни дневно. 
Денеска владата објави продолжување на карантинот до 22 јануари. Во Чешка веќе извесно време, вклучително со празниците на сила беше забрана за движење од 21:00 до 05:00 часот. Казната за непочитување е околу 300-400 евра.
Рестораните, хотелите, ски-центрите и слично се комплетно затворени. Луѓето редовно одат на работа, но од услужната дејност, работат само продавниците за храна, бензински пумпи, аптеки. Во поголемите маркети и молови што се отворени, дозволено е да се купува исклучиво храна и средства за хигиена дури и во маркетите каде во редовна продажба има и гардеробра, апарати за домаќинство и друго.
Вакцини веќе има стигнато, но засега приоритетните групи чекаат на ред за нив. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk