Египет ги запре сите спортови во сала за да се спречи ширење на Ковид 19 пред Светското првенство

Од Египет стигнува вест која не знаеме дали е охрабрувачка и вознемирувачка. Египет ги запре сите спортови во сала за да се спречи ширење на Ковид 19 во пресрет на мундијалот.
Ковид одново се шири во Египет и се преземаат дополнителни мерки, а дел од нив се однесуваат и на мундијалот.
Мораме да направиме и една споредба... За ЕХФ Еуро во декември, Норвешка се откажа, а владата на Данска до последната недела не и одговараше на прашањата на данската федерација дали ќе има дозвола да се игра.
Во Египет министрите за туризам и антика, за здравство, за спорт и уште неколку високи владини претставници цела недела одат во инспекција на салите и проверуваат дали протоколот може да биде спроведен до детал, а претседателот на ИХФ, Хаса Мустафа доби огромча чест со тоа што една од новите сали ќе се вика „Хасан Мустафа.
Мерка плус е да бидат запрени сите спортови во сала освен ракомет, односно натпревари што се однесуваат до мундијалот.