ПСЖ преговара со крилото на Елверум

Парискиот клуб бара замена за Дилан Наи кој следната сезона ќе игра за полскиот шампион Келце. 



Комбинацијата Дилан Наи и Матју Гребиј како замена за Уве Гензајмер на позиција лево крило не се покажа како некое успешно решение за ПСЖ, без оглед што Дилан Наи беше најдобриот стрлец во полуфиналниот пораз од Барса. 
Дилан Наи одамна има потпишано договор со Келце за следната сезона, па парижаните се активни на пазарот и бараат замена. 

Норвешкиот супер талент, Александер Блонц (20) е во преговори со парискиот клуб, потврди неговиот менаџер за норвешки весник. 
Блонц одигра одличен натпревар на премиерата на ЛШ во Порто, постигна 10 гола од 13 обиди и веднаш го сврте вниманието кон себе. Но, за малер се повреди и долго го немаше во тимот, се врати на крајот на ноември со седум гола против ПИК Сегед, потоа постигна уште 12 на следните три средби и со 29 гола е втор стрелец во клубот и покрај повредата.

 За Блонц се интересираат и други клубови, а тој има договор до 2022 со Елверум. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk