Хрватската репрезентација се соочува со играчки проблеми во пресрет на мундијалот во Египет.
Игор Карачиќ не е на последниот скратен список на ракометари на хрватската репрезентација што го објави Лино Червар денеска.
Поранешниот бек на Вардар, сега на Келце има проблем и се уште се води како повреден играч, иако не е избришан од списокот. За него има место во тимот, но под услов да успее навреме да се рехабилитира.
Лука Степанчиќ, пак, од ПИК Сегед нема да настапи на СП поради повредата на зглобот. Тој долго не е на теренот, сега ќе добие и дополнително време од околу еден месец за да се рехабилитира за ЛШ.