Огромна чест му направи Министерството на спорт и млади на Египет на претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа.

Една од новоизградените сали, наменети за ракометното Светско првенство 2021 ќе се вика „Др. Хасан Мустафа“. Тоа е салата што досега се викаше “ 6-октомври“, а името е сменето за да му се оддаде почит на човекот кој 20 години е претседател на ИХФ и од таа позиција постојано го промовира Египет во глобални рамки.
Салата со капацитет од 5.200 гледачи е изградена специјално за ова СП и се наоѓа во областа Гиза, домот на пирамидите, на околу 30-тина километри од Каиро.
Тука ќе играат групите „А“ : Германија, Капе Верде, Уругвај и Унгарија, односно групата „Е“ во која се Норвешка, Франција, Австрија и САД