Ричардсон на суд со Габон

Француската легенда реши правда да бара на суд. Габон не му платил 11 плати. 




Џексон Ричардсон е минато на клупата на репрезентацијата на Габон. По една година во која Габон не успеа да се пласира на СП и покрај тоа што Африка сега има рекорден број на учесници на мундијал (седум), Французинот реши правдата да ја бара на меѓународен суд. 

Ричардсон не добил 11 плати и два месеца бонус поради прекин на договорот од страна на Габон. Тој бара 200 милиони централно африкански франци што е сума што одговара на околу 300.000 евра. Таква цифра за селектор во ракомет на Габон е фантастична, но Французинот се надева дека ќе успее по патот по кој одеше фудбалерот Антонио Камачо кому му беше исплатена тири пати поголема сума.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk