Ол Стар тим на Европското првенство

Публиката што учествуваше со 40% и стручњаците што учествуваа со 60% во изборот на идеална постава на Европското првенство во Данска, селектираа ол стар тим на шампионатот. 



Две ракометарки што своевремено играа во екипата на Вардар се дел од идеалната постава на ЕХФ Еуро што вечерва со двата меча за медал ќе биде комплетирано во Хернинг. 
Херем и Радичевиќ, крилните играчи си обезбедија место во идеалниот состав. 
За прв пат вакви индивидуални признанија одат и за хрватскиот пикер Ана Дебелиќ и за француската ракометарка Естел Н'зе Минко. 

ГОЛМАН: Сандра Тофт (Данска)
ЛЕВО КРИЛО: Камила Херем (Норвешка)
ЛЕВ БЕК: Владлена Бобровникова (Русија)
СРЕДЕН БЕК: Стине Бредал Офтедал (Норвешка)
ДЕСЕН БЕК: Нора Морк (Норвешка)
ДЕСНО КРИЛО: Јованка Радичевиќ (Ц. Гора)
ПИКЕР: Ана Дебелиќ (Хрватска)
ДЕФАНЗИВЕЦ: Лине Хогстед (Данска)
МВП: Естел Минко (Франција)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk