Место дочек ги чека - карантин!

Ракометарките на Норвешка, вечерва можеби ќе освојат злато, можеби сребро. Сеедно, на враќање назад во својата држава ги чека карантин. 



Нема во 2020 да има дочеци на плоштади, аеродром, заеднички прослави или пак приеми и гостувања. Барем, не за Норвешка. Нивните ракометарки вечерва во финалето на ЕП играат против Франција, победиле или загубиле дома се враќаат со медал, а дома место прослава ги чека карантин. 

Сите норвешки ракометарки мораат во домашна самоизолација до Нова Година. Сите нивни репрезентативки што играат во странство, а сакаат во Норвешка да си ги прослават празниците - исто така, потоа можат да си одат во своите клубови. Исклучок е единствено голманот Сије Солберг која веќе прележа Ковид во Унгарија. 
Не постои опцијата со негативни тестови да излезат од домашниот карантин. 

Ракометарките се во специјалниот балон во Хернинг. Строги се контролите, не смеат да излегуваат освен на релација хотел - сала. Моделот се покажа успешен, само три позитивни случаи имаше на првенството тоа на почетокот, уште пред да влезат играчите во црвената зона. 

photo credit: kolektiffimages

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk