Вардар директно оди во елиминациите од ЛШ?

Вардар би можел да се квалификува во елиминациите од Лигата на шампионите дури и ако не обезбеди место меѓу шестте првопласирани екипи на табелата.



Извршната комисија на ЕХФ одржа состанок на маргините на Европското првенство што се одржува во Данска. На тој состанок, беше усвoен планот за натамошниот тек од Лигата на шампионите во машка и во женска конкуренција. 
Во Лигата на шампионите досега се одложени 1/4 од натпреварите, односно од вкупно 80, не се одиграни 20 натпревари. Приоритет на ЕХФ останува да најде нови термини за овие натпревари, но може да се случи тоа да не биде можно. 




Доколку не се одиграат сите натпревари од Лигата на шампионите до 4 март, за кога е и предвиден крајот на групната фаза на натпреварувањето, тогаш нема да има елиминирани екипи. 
Сите 16 учесници на Лигата на шампионите ќе се пласираат во елиминациите, во нокаут фазата и ќе се игра по систем 1А-8Б, 2А-7Б...
Ова значи дека Вардар 1961 би се пласиран во следната фаза на Лигата на шампионите без оглед на развојот на настаните во групата, каде за волја на вистината, позицијата и не му е сјајна. 



Но, како ќе се одреди конечниот пласман на табелата ако не се одиграат сите натпревари? ЕХФ да не кажеме вообичаено, има сива зона во обjаснувањето.
Ако не се одигра некој натпревар, тогаш ќе се земат предвид околностите под кои бил откажан натпреварот и врз основ на тоа ќе бидат доделени бодовите. 
Што точно ова значи, би можеле да предвидиме, иако не гарантираме дека сме погодиле. Според нас ова објаснување е дека „виновникот“ за одложениот натпревар ќе добие нула на салдо. 

Како и да е, ваков расплет би можел само да му оди во корист на Вардар и да биде значително олеснување во продолжението на сезоната. Но, да подвлечеме, услов е да не се одиграат сите натпревари од групната фаза. А ЕХФ ќе се труди да се одиграат. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk