Последна сезона на Чупиќ во Вардар?

Гласините за можноста Иван Чупиќ да замине од Вардар, тешко дека во ракомените кругови можеме да ги сместиме во категоријата новост. Но, како се ближи крајот на годината, се подзасили нивниот интензитет.



Во моментов вардаровите фанови и имаат и немаат причина за загриженост, затоа што Чупиќ нема потпишано за друга екипа, иако заинтерсеираност за неговите услуги - има. 
Игра во добра форма, се покажува како доста корисен и како бек, се врати во хрватската репрезентација, пред него е настап на СП Египет. 



Екипа од СЕХА се споменува како сериозен кандидат, а во соработка со хрватските колеги, дознаваме дека се работи за ППД Загреб. Можноста за прв пат да го облече дресот на ППД Загреб е комбинирано и со  враќањето во репрезентацијата на Хрватска.  Екипа што со ангажманот на Жељко Муса за следната сезона, најави дека по Ковид сезоната, повторно има амбиции да игра поважна улога во Европа, односно Лигата на шампионите. Ова не ги исклучува и другите СЕХА тимови што имаат амбиции и буџети доволни да си дозволат вакво засилување.



Поприлично сигурно можеме да ја елиминираме (засега) можноста за предвремено заминување, па ќе има Вардар најмалку четири месеци да поработи на оваа тема. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk