ДРАГАН ЃУКИЌ, АНАЛИЗА: Најдобри се затоа што...

Авторот на анализата е master coach на ЕХФ, поранешен селетор на Ц. Гора, Македонија, Израел, Швајцарија, Јордан и селектор кој ја водеше В. Британија на ОИ Лондон. На клупски план бил тренер на Макаби, Мадеира, Вардар, Пик Сегед, Ц. Звезда, Металопластика итн. Последен ангажман му беше тренер на женскиот мега проект ЧСМ Букурешт од Романија




Франција - Хрватска и Норвешка - Данска. Тоа се паровите на полуфиналните дуели, но не на машкото СП во Египет, туку на ова декемвриското, женско!
Во своевидниот покер асови, овој пат нема ниту еден од носителите на медал од последното СП од 2019! Светските прваци - Холанѓанките, играа на овој шампионат, тоа мораме отворено да го кажеме, скромен ракомет. Финалистките од Шпанија беа само бледа сенка на својо надимак (воини), а освојувачот на бронзениот медал и се уште актуелен олимписки шампион - Русија, своите шани ги истури во водата на синоќешниот дуел со домаќинот, а тоа најтрофејниот тренер на денешницата, Мартин Амброс го чинеше експресна смена од позицијата селектор. 

1. Норвешка е секако прв фаворит за титулата и најубедливо од сите дојде до борба за медал. По поразителниот пласман на четвртото место на СП Јапонија 2019, ги собраа сите најдобри што ги имаат и досега покажаа ракомет за кои другите немаат решение. Си поигруваа со своите ривали и имаат гол разлика од +69! Тоа што може да ги загрижува е што во полуфиналето играат со Данска, а знаеме дека во овие ситуации „игра некој петти кец“ како што тоа фино го кажува низ стихови Балашевиќ. На пријателските пред првенството Норвешка победи тесно, со по два гола разлика. 
Сепак, екипата што во своите редови ја има сигурно најдоминантната ракометарка на денешницата, неповторливата Стине Офтедал, која си игра ракомет правејќи го нерешлива енигма за сите ривали, фаворит е пред сите за најсјаното „одличје“. Оваа девојка во денешниот ракомет, претставува истото тоа што до неодамна го претставуваше Никола Карабатиќ за Франција и тимовите во кои играше. Ако на тоа ги додадеме искуството на Лунде, Морк, Херем, Локе, па леснотијата со која игра дваесетгдишната Рајстед и сетоа тоа перфектно склопено во систем што Исалнѓанецот Торир Хергеирсон го постави уште пред 20 години (селектор е од 2001), сите натамошни појаснувања се сувишни. 


2. Данска им нов живот вдахнат со свежината на идеите на Јеспер Јенсен. Овој извонреден млад стручњак внесе нов елан и многу самодоверба во тимот. Играат дома, што и да значи тоа кога место буката од 14.000 навивачи во црвено, во Хернинг царува тишина, но се чини дека Данска по многу години повторно е на патот на славата. Ривал по мерка за норвешката машина и ракомет за сладовкусци. 
Тоа што мене како тренер ми се допаѓа е дека тимот е одлино балансиран, цврста одбрана на чело со голманот Сандра Тофт, шутерски хаубици на двете странци на беовсите позиции, Хансен на лево и Транборг/Дамгард на десната страна и ГЛАД што им се гледа во очите во секој момент, глад за резултат, афирмација, успех, нешто што секогаш со себе ги носи младоста. 

3. Франција поткашлува од самиот старт, но победува на начин на кој тоа го прават големите тимови - „лесно е кога играш добро, но шампионите победуваат и кога не играат најдобро“.Физички се доминантни, во стилот на колегите од машката репрезентација. Ја бранат европската крина освоена пред две години во Париз и без разлика кој колку смета дека тие се најдобриот начин за Хрватска да стигне во финале, истото важи и во обрате правец!
По имиња гледано, Франнцузинките се едиствен тим кадарен да се спротивстави на норвешката машинерија (Лејно, Зади, Дембеле, Минко, Едвиж, Лакрабер...). Стратегијата што нивниот сојуз ја спроведува во последната децении го донесе ракометот во позиција на најсериозни спортови/ Вложувања во услови, домашни натпреварувања, ракометни академии низ целата земја и најважното - човечки кадар. Тренери и играчи, даде резултат што им гарантира дека уште долго ќе останат на врвот. И таа мала а голема разлика - тие дефинитивно знаат како се играат вакви натпревари. 



4. Хрватска - награда за животно дело на еден создавач. Како поинаку да се објасни резултат на екипа што беше прежалена уште при испраќањето. Со ослабен состав во однос на тој што досега обично завршуваше на последното место, освен како „master peace“ на тој тивок стручњак кој место да зборува, работеше и веруваше. 
Ненад Шоштариќ и девојките што ги води направија повеќе отколку што можеа да сонуваат, но не мислам дека на тоа и ќе запрат. За разлика од другите овие го живеат шампионатот со цела душа и основниот прдвижувач на сите овие резултати беше желбата да се борат, а не потребата да победуваат. Ќе биде интересно да ги гледаме во полуфиналето (знаеме веќе какви мајстори сме на овие простори од се да направиме циркуз), и се надевам дека има доволно искукства и памет, без оптоварување да остават срце таму каде што досега и им стоеше - на терен. Тие ништо не мораат, а можат се!
Теа Пиљевиќ - девојка што фаќа и живи топки и брани шутеви од крило стоејќи на гол линија. И Ќамила Мичијевиќ, облакодер што се движи - „Ќана без мана“ препознатлива по својата ведрина и Инстаграм серијалот „Кај Ќана на фотелја“ - секако се највоочливи од страна, но Хрватска има тим во кој секогаш некој ќе отскокне. Дебелиќ или Јежиќ, секоја на свој начин опасна на линијата, Блажевиќ илил Калаус со своите асистенции, продори и неочекувани путеви од бековската позиција или тивката и не прв поглед неприметна Дора Кршник коа во својот џеб веќе ги стави најопасните шутерки на денешницата Неагу, Болк и Хафра и покрај која нема да се наиграте ракомет. 
Од стратегијата, од тимот пред индивидуата, до тим што работи и промовира индивидуи. Хрватска дефинитивно и понатаму останува аутсајдер за кој ќе навиваме и единствената екипа од нашите простори што остана на шампионатот. 
Стискаме пакци,затоа што тие и така ќе дадат се, па нема да има ништо што може да биде загубено. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk