Тулуз ќе го менува тренерот

Екипата на Тулуз од Франција, противник на Металург во европската лига и клуб каде своевремено играле двајца македонски ракометари (Гоце Георгиевски и Бранко Ангеловски), сезонава ќе направи поголема реконкструкција. 



Феникс Тулуз денеска потпиша договор, односно продолжи договори со тројца свои ракометари. Илиќ, Жилбер и Летенс добија нови договори, но веста на денот е заминувањето на тренерот. 

Филип Гардо, по четири години откако дојде од ПСЖ, на крајот на тековната сезона заминува од клубот. Не се договорил(е) со управата на клубот за нова соработка. 

Информацијата ја потврди Гардо, кој изјави дека со чиста совест си оди од клубот и дека го донел на повисоко ниво. 

Веќе се претпоставува и кој ќе биде новиот тренер. Некогашниот српски плејмејкер Даниел Анѓелковиќ кој сега е асистент на Гардо би требало да биде новиот предвоник на Тулуз. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk