ДРАГАН ЃУКИЌ АНАЛИЗА: Прв што се менува е ликот во огледалото

Авторот на анализата е master coach на ЕХФ, поранешен селетор на Ц. Гора, Македонија, Израел, Швајцарија, Јордан и селектор кој ја водеше В. Британија на ОИ Лондон. На клупски план бил тренер на Макаби, Мадеира, Вардар, Пик Сегед, Ц. Звезда, Металопластика итн. Последен ангажман му беше тренер на женскиот мега проект ЧСМ Букурешт од Романија



Огледалото е мојот најдобар пријател, затоа што кога јас плачам, тоа никогаш не се смее – Чарли Чаплин

Денешната кратка анализа на првиот од еден по многу што специфичен шампиона, морав да го почнам со оваа прекрасна мисла на смешно-тажниот „Шарло Акробата“, за кого веројатно добар дел од денешната читачка публика нема да ни да знае за кого се работи. Среќа па тука е „Гугл“.

Телеграфски веста би гласела: Вече по три одиграни натпревари, дома патуваат Словенија, Србија, Чешка и Полска. Во реалност, секоја од нив со своите лични грижи и проблеми спакувани во торбите и прашања на кои што побрзо ќе мораат да најдат одговори, доколку сакаат нешто за променат. 
Сепак, ова не е првиказна за новогодишните ветувања со кои ја почнуваме секоја година. (почнува да вежбам, од понеделник сум на диета, ќе одам на курс итн). Да почекаме за тоа уште неколку недели 
 
Да се менува, првенствено значи да се промениш себе, а не другите и тоа не се зборови. Да беа поинакви, поинакви песни сега би се пееле за нив. Но, како го рече Чарли, огледало треба да бидеме за себе самите. Значи менувај, не с...



ГРУПА „А“ - ПОВЕЌЕ ПОМАЛКУ, ОЧЕКУВАНИ ПЛАСМАНИ

ФРАНЦИЈА - По воведната несигурност (големите победуваа и кога играат слабо) покажа дека има широк ростер и со победата над амбициозниот домаќин речиси и да обезбеди борба за медал.
ДАНСКА - има добар состав, млад и талентиран тренер, но се провлекува впечаток, дека нешто се уште им недостасува. Но, не би се секирал за нив, тоа е земја што на европскиот ракомет му вдиша малку живот во моментите кога се чинеше дека сите бродови потонаа. Па и да е само тоа, би било доволно. А тие имаат и ѓанса за полуфинале што треба да се обезбеди преку некој од незгодните тимови од групата „Б“. А тоа ќе биде се освен лесно. 
ЦРНА ГОРА - Ц. Гора имаше еден меч на кој мораше да победи, а ако сакаме реално, немаше нималку шанси да го загуби. Менталитет, традиција, квалитет (по тој ред) беа доволни да се добија Словенија, а за нешто повеќе, се плашам дека нема да има доволно гориво. Сепак, кога ќе решите да менувате се во само седум дена пред првенство, прашање е и на што всушност можете да се надевате?
СЛОВЕНИЈА - Е,  за нив би се можело доста да се зборува. Прв пат Урош Брегар имаше состав што го „оптоварува“, а оделото на Шарло аутсајдерот и улогата на „lucky loser“ го замени со звучни имиња: Грос, Омореги, Лазовиќ, Станко... Искрено, сигурен сум дека оваа екипа допрва ќе го каже своето. Најавата со која си замина „Резулати чекаме 2022“ е реалност, но во животот, па и во спортот ништо не успева како успех и ништо брзо нема да оддува од сцената како она чие име не се изговара. 
Се надеавме дека оваа предвремена депортација нема да ги оддалечи од тоа што го прават. Словенци се тоа. 

  
 ГРУПА „Б“ - ЛЕСНО ПРЕДВИДЛИВО
Оваа е веројатно најомразената меѓу обложувачите и тие што Ковид деновите ги минуваат следејќи го тоа малку спорт што се случува околу нас. Не требаше големи познавања, за да се предвиди конечниот пласман. 

РУСИЈА - Велесила во женскиот ракомет, по прв пат на едно големо натпреварување без својата најдобра и една од трите најдоминантни ракометарки во светот од 2016 наваму - Ана Вјахирева. Селекторот Мартин Амброс овој пат не е изгубен во преводот, затоа што некој одозгора, реши да му додели нов асистент (Кисељев), а тој инструкциите директно ќе ги пренесува на руски. За сега тера по планот. Медалот води преку домашниот тим, а тоа ќе биде вистинскиот испит да видиме колку можат и едните и другите. 

ШВЕДСКА - Неубедливо! Искрено, изгледаат како да не се ни загреале. На сите три меча беа - тука некаде. Не сум многу убеден дека можат многу, но дека некому можат да расипат планови - тоа сигурно. И ако некој го чита ова како совет, нека не се лаже да го прогнозира резултатот со Данска, затоа што на тие средби, како и на нашите балкански - ништо не е така како што изгледа. 

ШПАНИЈА - Ова е уште еден од тимовите што покажа значитело помалку отколку што се очекуваше имајќи го предвид нивното реноме. Од враќање дома ги делеа 30 минути со Чешка во кои помалку благодарение на противникот, успеаја убедливите -5 на полувреме да ги претворат во пласман во следна рунда. Мене не ми влеваат некоја доверба, но внимателно со проценките, затоа што како и нивните колеги од машкиот тим - знаат како се игра на резултат. 
 
ЧЕШКА - Ако некој од тимовите што испаднаа треба да лее солзи и да жали - тоа е Чешка. На сите три натпревари играа одличен ракомет, играа добро и беа многу блиску. Одлично се селекирани и водени, доста се дисциплинирани, оставија силен впечаток и покажаа дека ракометот е тимска игра. Сепак, едно име се издвои - 24 годишната Јарбакова од Турингер. Тоа има треба да за запамти. Подвлечено, селекција за респект и избегнување во следните доигрувања. 
 
 ГРУПА „Ц“ - НАЈМНОГУ ИЗНЕНАДУВАЊА

ХРВАТСАКА - Најпријатното изненадување. Вечните лузери и екипа што на последните две ЕП ги освојуваше последните места, победи на сите три сердби и пренесе дури 4 бода. Колку и да го ценам мојот драг колега Шоштариќ и неговиот стручно педагошки пристап, сепак, ако се погледне со колку пехови отидоа во Данска (изолација на речиси целата екипа на Подравка од каде доаѓаа грото на играчи) и неколку повреди на важни играчи, освен чесен пораз на сите три напревари, не верувам дека поинаку ќе типуваше кој било од Хрватскиот ракометен сојуз!
Дека спортот не е бап така предвидлив покажа овој сјаен колектив (често слушаме како селекторот вели дека се едно семејство), па екипата на Локомотив со пар засилувања успеа зад себе да ги остави светските шампиони и два тима што во март ќе играат квалификации за ОИ. И да биде чудото поголемо, победите се заслужени со срце и чисти како солза, пат овој пат никој нема аргумент против. 
Тоа што Нено на сите им покажа е дека вистински луѓе на вистинско место носат резултат и дека може да се игра 3-2-1 и со женска екипа! За тоа друг пат, но Хрватска донесе нешто ново на ова ЕП. 

Холандија - До 45 минути од последниот меч се чинеше дека на светскиот шампион му се смешка експресно враќање дома. И потоа нешто кликна кај нив и ја свртеа средбата со Унгарија, а можеби и целото првенство. Не би бил прв пат во тим каде нешто не штима, кога ќе ја пројде катарзата со групата, да се избори и за подиум.
Не дека Холандија и Мајонад така ми изледаат во моментов, но... 
 
УНГАРИЈА - Ако некој вложува во овој спорт, во женски ракомет, тогаш тоа е дефинитивно Унгарија. Милиони, евра, не форинти, во академии за млади, во лига, во стручни штабови, во стручна работа, во сали... Резултатите со младите категории веќе стигнаа, амбициите да играат во Токио не ги кријат, ќе организираат квалификации и сигурно нема да ја испуштат шансата. Но, на ова првенство, мислам дека не се зрели за нешто повеќе. Но, можам уште сега да кажам, ова ќе биде опасна екипа за Париз 2024. 

СРБИЈА - Е  сега...Да не сум одкаде што сум и да не сум тоа што сум, сешто би ја кажам. Најкратко, се ова што се пишува за Унгарија, важи и за Србија, само свртете го во контра смер. Или да почнам од таму, од контра правецот во кој вози оваа кочија со години. Замислете тим што оди на ЕП, а не се собрала една година. Поточно од СП Јапонија каде што имаше најдобар резултат во последните неколку години. Национален тим без тренер на голмани, без кондициски тренер, псиолог, директор на репрезентација. 
Добро не беше баш се тотален аматеризам, имаше и објективни проблеми - Доцнење на почетокот на првенството, па карантин, шокантна повреда на најдобрата ракометарка веќе на првиот меч... Факт е дека Србија ја има и најстарата репрезентација на шампионатот (дури 11 водечки ракометарки имаат 30 + години, но бидејќи се работи за дами, нема да одиме понатаму).  И селекторот со 66 години е „најискусен“ од сите колеги на ЕП. Резултат - заминување дома по првиот круг и многу грижи пред март и последната шанса на една сјајна генерација да се пласира на најголемата светска смотра на спорт. 
Ќе навиваме за нив колку можеме и знаеме, но ќе си дозволиме и едно обично логично прашање - што потоа? Или што сега?
 
ГРУПА „Д“ - Без изненадувања!
НОРВЕШКА - Ова е вистинската перјаница на женскиот ракомет. Екипа што на секое натпреварување оди за да го освои, па и кога нема да успее, нема никој да им замери. Со години веќе знаат како, зошто, каде, со кој... И тоа што е најинтересно, успеаја тоа да го пренесат и на машкиот тим. Системот е тоа што ги одвојува од другите. По мене, најсериозни кандидати за злато, предводени од најдоминантната ракометарка во моментов - Стине Офтедал, ракометарка која секој тим во кој играше успеа да го направи најдобар и се тоа со насмевка и леснотија. Прекрасно е да ги гледате како си играат ракомет. 
 
ГЕРМАНИЈА - Ако како тренер би имал шанса да изберам една екипа што би ја водел - без дилеми би ја одбрал ова Германија. Искрено, имаат се! Физичка доминација, голем тален, работна упорност, одлична организација и одличен тренер. Како и Унгарките претставуваат екипа што доаѓа. Како главен недостаток на целиот германски женски ракомет, го гледам немањето на еден супер тим што би ги собрал сите и би бил конкурентен на клупско ниво и учесник на Ф4. Не е дека за тоа немаат средства. Не сум сигурен колку далеку можат на ова ЕП, но некому ќе ги расипат сметките.  

РОМАНИЈА - Како некој што од лична преспектива имаше увид во најдоброто што го има романскиот женски ракомет, ќе се обидам колку што е можно да бидам објективен во освртот на досега направеното. Ова е земја што влоѓува значајни средства и во селекции и во клубови, земја во која ракометот се почитува, се гледа... Земја со традиција на светски прваци и транзиција меѓу истокот и западот. Во сите овие спротивставености се огледува и тимот. Стеснет меѓу супер силна личност и една од најдоминантните шутерки и голгетерки на денешницата - Кристина Неагу и селектор на кои сите би му го виделе грбот уште пред мартовските квалификации и кој е речиси целосно подредена на моменталното расположение на својата главна ракометарка. Во тој ритам топло-ладно ги одиграа трите средби. Се плашам дека за нивните амбиции  кој било пласман нема да им биде доволен и дека наскоро (како сите добри Балканци) ќе тргнат по некои нови патишта. 

ПОЛСКА - Аутсајдер на групата и екипа за која можеше да се претпосатави дека нема да го пројде првиот круг. Во последните години „лутаат“ по идентитетот, исто како и машкиот тим. Во обид да се огледаат/потпрат на скандинавската школа се решија да се освежат со некои нови девојки и нов селектор во ликот на малку познат норвешки стручњак. Резултат на сето тоа е еден освоен бод во добро одигран меч со Германија. И една млада ракометарка на сцена - Александар Росјак за која допрва ќе се пишува. Скромно или не, проценете само, но не заборавајте ја изреката многу пати потврдена во спортот (па и тука преку Хрватска) дека успехот секогаш е дете на храброста. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk