Сегед го пројде Вардар на табелата

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ПИК СЕГЕД - МЕШКОВ БРЕСТ 30-27 (18-13)
Банхиди 11, Радивојевиќ 5 - Паниќ 7, Шкурински 4

ЕВРОПСКА ЛИГА
ГОГ - ТАТАБАЊА  30-28 (15-14)
Питлик 8, Олсен 5 - Балог 8, Хорњак 3



Пик Сегед влегува во ритам и тоа не е добро за Вардар кој наскоро треба да излезе на мегдан со нив. Но, Унгарците го платија својот данок на Ковид, сега сметките ги плаќаат други, вклучително и Вардар 1961. 
Сташ Скубе овој пат не му се смееше во лице на Хуан Пастор. Мешков Брест со скриена желба да изненади пристигна во Сегед, но не беше доволно добар за изненадување. 
Унгарскиот состав го мина на табелата Вардар и сега со шест бода е на шестото место, едно пред македонскиот тим. ПИК Сегед има и натпревар повеќе, но да не заборавиме, тие запишаа четири гостински порази во период во кој им недостасуваа и по 10 играчи. Се уште не се комплетирани, но во тимот се вратија Бобмач, Житњиков, Кашпарек, Мацковшек, Хенигман, Радивојевиќ и полека влеуваат во ритам. 
Вечера имаа комплетна контрола над Белорусите. Водеа со 4-5 гола разлика во најголемиот дел од второто полувреме, во финишот во последните три напади Мешков намали па конечниот реултат (30-27) дава искривена слика за тоа што се одигра.  

Во Европската лига, во групата во која се Е. Пелистер, екипите на ГОГ и Татабања во два дена ги одиграа и двата натпревари. На двете средби победи ГОГ, но Татабања пружи силен отпор што не не радува во пресрет на дуелите со Е. Пелистер. Мортен Олсен полека се враќа во диригентската ролја кај ГОГ и вечерва со пет гола го водеше тимот кон бодовите (30-28).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk