Охрид перфектен, Струга го доби Пролет...

СТРУГА - ПРОЛЕТ  20-17 (12-12)
Николиќ 7, Илиевски 5 - Пецаковски 8, Џонов 5

Откако и двата тима се најдоа во Плеј оф, попушти концентрацијата, па дури и играчки не настапија со најсилните состави. Пролет допатува без голманот Петар Ангелов и крилото Давор Палевски, а во редовите на Струга го немаше новото засилување Вукашин Ракоција. 
Ако ги изземеме резултаската неважност и споменатите отсуства плус ротациите и комбинаториката со поставите, натпреварот беше неизвесен борбен, а Струга покажа дека и во Плеј оф нема да биде лесен залак за бодови. Барем нема да биде за Пролет кој во очи на сезонаа беше рангиран веднаш зад Металург и Охрид. 
Кон средината на второто полувреме домашните дојдоа до три гола предност, што на крајот беше и конечниот резултат. 




ЈУНИОР КВ - РАДОВИШ  23-28 (12-12)
Барјактаревиќ 9, Трајковски 4 - Стојановски, Постолов 5
Јуниор Кисела Вода и Радовиш се загреваа за Плеј аут. двата тима се во долниот дел на табелата, но тоа ништо нема да значи во новата табела каде што сите клубови ќе имаат 0 на салдо. 
Првиот дел беше без победник, кон средината на вториот дел Радовишани полека ја преземаа контролата. Во отсуство на Ивица Илиев, нивната игра е базираше на Зоран Стојановски, а тој постигна 10 гола. 
Јуниор Кисела вода кој нема силна ротација, почна да паѓа во ритамот и покрај деветте гола на Барјактаревиќ и на крајот бодовите заминаа со гостинскиот автобус. 

АСТРАИОН - ОХРИД  22-31 (11-13)
Караиванов 9, Кавазов 5 - Соколов 9, Ивановски 6

Астраион одлично ја почна сезоната, но тоа беше само еден-два натпревари. Како одминува времето, станува единствениот кандидат што во Супер лигата ќе ја носи етикетата на која пишува „разочарување“. 
Има време да се поправи, пола првенство е пред него. Но, прво што треба да направи е да донесе уште четири играчи. Какви било. Еден поглед на ростерот на кој има само 12 ракометари кажува повеќе отколку што ќе каже резултатот и ја нагрдува сликата и за нивната игра и за нив како клуб. 
Вечерва играа против Охрид. Гостите имаа несекојдневен мотив - играа за рекорд за да ја завршат сезоната во есенската лига со максимален број на бодови. И Охрид одигра со комбиниран состав, каде беа поштедени најдобрите стрелци. 
Им појде од рака, сега имаат 12 од 12 и можат мирно да го чекаат пролетниот дел, во кој противниците, барем три од нив ќе бидат поинаква приказна. 

photo credit: ohridnews.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk