Е. Пелистер го разби Тримо Требње

Е. ПЕЛИСТЕР - ТРИМО ТРЕБЊЕ   33-26 (20-14)




Е. Пелистер вечерва одигра натпревар каков што веќе долго време од него се очекуваше. Битолчани ја запишаа првата победа во Европската лига и ги задржаа шансите за пласман во елиминациската фаза, односно Топ 16 на Европската лига. 

Противник на Е. Пелистер беше Тримо Требње, екипа што минатата недела во Љубљана славеше во меѓусебниот двобој. 
Вечерва натпреварот се игра по други ноти. Клучниот играч од првиот меч, голманот Александар Томиќ беше далеку од нивото на кое бранеше во Словенија. Во битолскиот табор, пак, по две слаби партии, денеска одново на ниво беше Стипе Мандалиниќ. Со 11/11 беше неорикосновен на теренот. 

Гостите се обидоа во стилот на првиот меч, да наметнат брз ритам на игра, што наводно нив повеќе им одговара. Овој пат не им беше прифатен предизвикот, па откако израмни на 5-5, Е. Пелистер го одведе мечот каде што нему му одговараше. Што почесто да се игра пред поставена зона, а Словенците со нивните брзи  и катки акции и шаблони на играње овој пат се разбија од ѕидот.

Кога требаше Чаневски беше на висина, кога требаше Кукоски ги ловеше нивните бекови, кога требаше Костески и Велковски погодуваа и од контра и од игра. 
Пелистер во финишот на првиот дел прв пат дојде до убава разлика од шест гола. 

Во второто полувреме, средба се прекрши по само три минути игра. При резултат 21-16, Словенците имаа напад со кој можеа средбата да ја одведат кон понеизвесна завршница. Но, нивниот шаблон не мина во напад, следеше контра за 22-16 и потоа во текот на вториот дел повеќепати се случуваше словенечките ракометари да се удрат од ѕидот и преку контра битолчани да го полнат голот на Томиќ, во вториот дел на голманот Брана. 

На крајот 33-26 е резултат со кој битолчани можат да бидат задоволни, подобри се во меѓусебниот скор,  а Тримо не дека може да биде задоволен, но треба да има на ум дека можеше и полошо да помине. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk