Магдинчев останува тренер на Јуниор Кисела Вода!

Ристо Магдинчев ќе продолжи да ја води екипата на Јуниор Кисела Вода и во пролетниот дел од шампионатот. 



Ристо Магдинчев е стар тренерски волк кој во своето резиме има запишано селекторска функција на женската репрезентација на Македонија, потоа тренер и  практично творец на ЖРК Вардар со Самсоненко како главен спонзор, потоа екс тренер на Прилеп... а со малку поран датум има и успешна меѓународна кариера во која меѓу другото бил тренер и на Пари Сен Жермен. 

Магдинчев во Јуниор Кисела Вода дојде како помош, замена за Благоја Весиќ кој беше поткачен од Корона вирус. За тоа време Јуниор одигра три натпревари, а еден од нив беше најдобриот на Јуниор КВ. сезонава, триумфот од 10 гола разлика над екипата на Голден Арт КЛ7. 

На Јуниор КВ во продолжението на сезоната му претстои комплицирана борба за опстанок во Плеј аут разигрувањето во Супер лигата. 
Клубот одлучи да го задржи Магдинчев како прв тренер, вечерва е постигнат и договор до крајот на сезоната. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk