Настрада Ахиловата тетива на Лекиќ

На Холанѓанте се уште им се врти од центрифугата во која ги стави Србија во второто полувреме, но радоста на Србија е низ стиснати заби и засенета од сериозната повреда на Андреа Лекиќ.



Висока цена плаќа Србија, односно Андреа Лекиќ по вчерашната премериа на Европското првенство. Андреа Лекиќ, нивната најголема ѕвезда и поранешен лидер на екипата на Вардар го заврши шампионатот по 28 минути игра. Не само шампионатот, туку и ЕП е завршено, целата сезона во која треба да играат и квалификации за ОИ, па и самите Олимписки игри, доколку се пласираат. 

Андреа Лекиќ (33) утрово е на прегледи по што ќе има официјална информација за повредата. Прилично е јасно дека настрада Ахиловата тетива, прашањето е каков е степенот на повреда. 
За самата повреда, можеме да кажеме дека е полоша и кинење на лигаменти и најчесто бара и подолг временски период за рехабилитација, грубо кажано околу една година... Тоа зависи од степенот на повредата, квалитетот на операцијата и начинот на кој се одвива рехабилитацијата. 

Со подготовки што во голем дел се одвиваа во хотелска соба или ходник, исецкани со повремени карантини и без можност да се фати ритам и подготвеност на телото за оптоварувања од ваков тип, повредите за жал стануваат неизбежен дел од приказната. Од другата страна, пак, имаме збиен ритам во периодите кога е зелено светлото за играње, вклучително со еден ваков настап на првенство во кое конкретно Србија и Холандија на пример ќе одиграат два натпревара за помалку од 16 часа. 

Да се надеваме дека сликата што вчера пристигна од Колдинг е пострашна отколку повредата и дека Лекиќ ќе биде на терен порано отколку што се првичните прогнози. 

Photo credit: 043011001797/ / kolektiffimages

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk