Тешка повреда на Андреа Лекиќ?

Некогашната ракометарка на Вардар, на две минути до крајот на првото полувреме на носилка беше изнесена од теренот



Продолжува лошата среќа за Србија на тековното ЕП во Данска. Откако неколку дена се „расправаше“ со Ковид, дури во прашње беше доведен и нивниот настап на првенството, денеска, нов малер на првиот натпревар. 

На две минути до крајот на првото полувреме од дуелот со Холандија, Андреа Лекиќ заработи повреда. Таа со солзи и болна гримаса на носилка беше изнесена од теренот и директно однесена во болница. 
Сомнежите се дека се работи за повреда на Ахиловата тетива, што е една од најлошите ракометни повреди. 

Останува во следните часови, евентуално утре да добиеме и официјална информација за типот на повредата на некогашната ракометарка на Вардар и можеби прогноза за тоа колку време ќе мине надвор од теренот. Засега се чини дека ЕП за неа е завршено. 


Photo credit:043011001797/ / kolektiffimages

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk