Хрватска изненади на ЕП, Франција минимално со Црногорките

ХРВАТСКА - УНГАРИЈА 24-22 (12-12)
Мицијевиќ 4, Јежиќ 3 - Клајбер 9, Томори 2...



Унгарија не успеа да постигне гол цели 11 минути, во периодот од 46 до 57 минута од натпреварот, а Хрватска тоа го искористи и од 19-19 стигна до 23-19, недостижна разлика за последните три минути. 
Со ова беше сервирано првото изненадување на ЕП, во кое Хрватска со конечни 24-22 ја совлада Унгарија. И двата тима во пресрет на првенството имаа проблеми со Ковид, така што од оваа гледна точка ги сметаме за ремноправни, но очигледно побрзо се рехабилитираат Хрватките и без помошта од ковид-погодената Подравка. 


ФРАНЦИЈА - ЦРНА ГОРА 24-23 (11-12)
Којате 3, Флипс 3 - Мехмедовиќ 5, Радичевиќ 5

Франција беше подобра само во последните 10 минути од натпреварот и тоа им беше доволно за да ја совладаат Црна Гора (24-22) и победнички да влезат во шампионатот. 
Црна Гора водеше 50 минути, но не го задржа ритамот кога се решаваше победникот. Франција за цело време беше минус еден гол или израмнуваше. Откако поведе во 52 минута (21-20), веднаш зголеми на 22-20 веќе Црна Гора не успеа да се врати во игра.

Mandatory Credit © /043011001797/ / kolektiff
Mandatory Credit © /053011000411/ / kolektiff

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk