Јуниор Кисела Вода ја реши групата „А“

ЈУНИОР КИСЕЛА ВОДА - ГОЛДЕН АРТ КЛ7   35-25 (16-10)
Брјактаревиќ 7, Трајчевски 7, Стојановски 7 - Стојков 5, Буторац 5, Гајиќ 4



Битката за Плеј оф во групата „А“ доби побрза разврска откако што се очекуваше. Вечерва Јуниор Кисела Вода му нанесе тежок пораз на Голден Арт КЛ7 и ги прекина нивните надежи дека ќе се пласираат во Плеј оф. Голден Арт КЛ7 има одиграно 11 од вкупно 12 натпревари, но има три бода помалку од Струга и послаб скор од нив во меѓусебниот дуел. 

Јуниор Кисела Вода теоретски има шанса да се пласира во Плеј оф, ако победи на сите четири следни натпревари. Првиот предизвик им е следното коло - непоразениот Охрид. 

Јуниор Кисела Вода и вечерва предводен од Ристо Магдинчев на клупата подобро отвори. Поведоа 5-2, потоа има 7-4, а КЛ7 тешко се снаоѓаше. Прашањето беше дали гостите ќе се вратат во игра и ќе потсетат на нивната прва меѓусебна средба на која победија (30-18) или ќе бидат нокаутирани. 
Се случи второто. Во само неколку минути во финишот, од 9-8, Јуниор Кисела Вода со серија од 7-0 стигна до 16-8 и го реши победникот во неколку минути. 

Предноста од седум осум гола Јуниор Кисела Вода ја одржуваше со расположеното трио Барјактаровиќ, Трајчевски и Стојановски кои постигнаа по седум гола. Гостите најмногу што успеаја е да намалат на 20-26, но потоа уште еднаш во финишот им падна концентрацијата и моралот и Јуниор Кисела Вода победи со 10 гола разлика. 

Од оваа група се одигра и натпреварот Пролет - Радовиш, што заврши со победа на домашниот тим од 27-21 и во пракса го имаме триото што ќе игра во Плеј оф.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk