Езерските бодови во мрежата на Охрид

СТРУГА - ОХРИД  18-20 (9-11)
Лакичевиќ 3, Илиевски 3 - Тот 8, Андоноски 5



На натпревар со малку голови, екипата на Охрид како гостин ја совлада Струга и ја пополни низата од 10 натпревари со 10-та победа. Охрид со ова остана недопирлив, иако Струга овој пат имаше шанса да стигне и до бод. 

Тот и Андоноски не дозволија изненадување во Струга и со 65% од постигнатите голови за Охрид ја разочараа домашната публика. Освен бод за Струга ќе значеше сигурен плеј оф, вака ќе мораат да почекаат за формално да станат членови на посилната пролетна лига.

Охрид отвори одлично, поведе 5-1, но место мирно езеро, Струга се врати со иста таква серија и израмни на 6-6. Потоа почна отворена битка во која најмногу недостасуваа голови. 

На одмор се замина со мала предност за гостите 11-9, но во вториот дел Струга поведе 14-13. Ова ги разбуди охриѓани, со серија од 3-0 дојдоа до 16-14. Струга уште еднаш запна, стигна до 16-16 и тука ги потроши сите резерви и не можеше да одговори на новата серија на Охрид. Гостите поведоа со 19-17, потоа и 20-17 и ги однесоа бодовите со својата мрежа. 

photo: ohridnews.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk