Данките како холограми гостуваат во студио

Данската ТВ2 најде начин како на ЕП да има гости во студиото, иако на ракометарките име забрането да го напуштаат хотелот, уште помалку да се дружат со медиумите за време на ЕП. 



Данската ТВ2 им сервираше изненадување на своите гледачи, со појавувањето на Сандра Тофт среде емисија како гостин во студиото. На ракометарките им е забрането да го напуштаат хотелот, уште помалку да се дружат со медиуми гостуваат во тв емисии. 

ТВ2 одамна знаеше дека нема да може да носи гости во студио, па реши да направи поинаков, во ракометот револуционерен чекор.
Вложи поголем напор, однесе повеќе техника во хотелот и Сандра Тофт, како холограм се појави среде емисија. Во „зелената соба“ во хотелскиот балон, Тофт беше окружена со монитори и микрофони за да подобар впечаток  и да знае кога и на која страна да се сврти и одговори и како финален продукт - мисијата беше успешна. Практично и да не се приметуваше разлика од позиција на гледач. 


Photo: Christian Krickhahn / TV 2 SPORT
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk