Супер лига: Групата „А“ денеска на мегдан

По вчерашната победа на Прилеп над Работнички со која прилепскиот состав остана во игра за пласман во Плеј оф, денеска се играат три натпревари, но во групата „А“ каде што табелата е за нијанса појасна, иако има уште натпревари што можат да ја сменат сликата.



Езерското дерби сега ќе се игра во Струга, а домашните со евентуално изненадување и освоен бод или три практично ќе го верификуваат својот пласман во Плеј оф. Од друга страна, Охрид игра одлично и е единствениот непоразен тим во шампионатот во групата „А“. Нивната цел, е овој дел од првенството да го завршат со максимален број на бодови. 

Пролет е практично во Плеј оф, а вечерва на гости им доаѓа Радовиш. Гостите мора да победат за да останат во игра за Плеј оф, во случај на пораз, тогаш Радовиш ќе ги остави сами во трката Струга и Голден Арт КЛ7 за место во Плеј оф. 

Голден Арт КЛ7, пак, гостува кај Јуниор Кисела Вода. Ова е последната шанса за Јуниор К. Вода да остане барем уште едно коло во игра за Плеј оф, математички. Тие беа погодени од Ковид и имаат одиграно најмалку натпревари во групата, само седум. На претходното одмерување на силите КЛ7 беше подобар, но сега одново ќе мора да се докажува. 

Сите натпревари ќе може да се следат преку Видео-стрим на официјалната страна на РФМ, односно Ју-тјуб каналите. Дуелот Пролет - Радовиш ќе биде пренесуван директно на МРТВ. 
 
СУПЕР ЛИГА МАЖИ - LIVESTREAM
ГРУПА А
04.12.2020 (17:00 часот) РК СТРУГА - ГРК ОХРИД
04.12.2020 (18:30 часот) РК ПРОЛЕТ 62 - РК РАДОВИШ - пренос во живо на МРТ 3
04.12.2020 (19:00 часот) РК ЈУНИОР К.В. - ГОЛДЕН АРТ КЛ 7


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk