ЛШ БИЛАНС: Во Вардар 11 позитивни, во Келце седум

Натпреварите меѓу Келце и Вардар беа Ковид бомба. Двата тима сега се во карантин со голем број на позитивни играчи.



Вардар уште долго ќе ги трпи последиците од двата дуела со Келце одиграни во рамките на Лигата на шампионите. 
Ситуацијата во скопскиот тим не се подобрува туку напротив, секој ден има нови позитивни, а со денешниот позитивен тест на Јосип Векиќ бројот на заразени ракометари во Вардар е вкупно 11, десет од нив се ракометари. 

„Најодговорно се однесувавме во време на Ковид. Сите играчи беа негативни, бевме на релација сала-дома-хотел, ги почитувавме протоколите, играчи најпофесионално си ги вршеа задачите и ги следеа упатствата. Потоа дојде мечот со Келце, имавме информација дека тројца нивни играчи се сомнителни, но беа овде. По првиот натпревар, немавме позитивни, но по вториот, што се поклопува со период на инкубација, почнаа позитивни случаи и кај нас. Сега бројката е поразителна. Имаме 10 позитивни играчи и еден член на стручниот штаб“, вели тренерот на Алушевски за g-sport.mk. 

Дека овие два дуела беа Ковид-бомба потврда доаѓа од Полска. Келце по вчерашните тестови има седум позитивни и еден сомнителен случај плус. 

„Останувавме без натпревари до понатаму. Не пребродува на ист начин секој со вирусот. Потребни се нови комплетни испитувања, не само за Ковид туку и за можните последици за сите играчи пред да се вратат на терен. Сериозна е работата. Засега остануваме изолација, гледаме кој кога ќе може да се врати на тренинг и да почнеме да работиме кога ќе се создадат услови“, вели Алушовски. 

Вардар требаше во овој период да одигра два меча. За 1 декември му беше закажан одложениот меч со ПСЖ, а на 4 декември требаше да игра на гости со Порто. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk