Е. Пелистер ги остави бодовите во Љубљана

ТРИМО - Е. ПЕЛИСТЕР  28-24 (14-12)
Тримо: Поточник 5, Сарак 5...
Е. Пелистер: Трајковски, Чаневски, Н. Маркоски, Ојлески, Кукоски, Стјепановиќ, Мараш, Костески, Маџовски 3, Мандалиниќ 5, Кушан 3, Радовиќ 3, Велковски 4, Периќ 2, Вегар 2



Македонскиот претставник во Европската Лига, Еурофарм Пелистер запиша нов пораз. На гостувањето кај Тримо, во Љубљана битолчани ги оставија бодовите на домашниот состав, поразени се со 

Е. Пелистер денеска имаше противник што со посебно ништо не отскокнува во квалитет и против кого требаше да се освојат бодови. 
Во првиот дел во две третини, цели дваесет минути екипите се мачеа да постигнат погодок. По дваесетина минути игра беше само 5-5. Словенците имаа проблем со одбраната на битолчани, плус брзаа, грешеа... Е. Пелистер, пак, имаше проблем со голманот Александар Томиќ, тој бранеше буквално се што одеше кон голот и ги одржа Словенците во игра. 

По 20 минута, се разиграа екипите. Почнаа голови на двете страни, а непријатно за Е: Пелистер беше водство од 12-8 за домашните. Брзо се врати македонскиот тим во игра. намали на 11-12 и потоа до крајот на полувреме се играше гол за гол. 

Така беше и во второто полувреме во кое Тримо имаше најчесто два гола разлика, а Е. Пелистер се обидуваше да стигне. Прашање бепе кој тим ќе се скрши под притисокот, а тоа за жал беше Е. Пелистер. Во последните 10 минути беше непрепознатлив, од 19-20 во 50 минута, стана 20-26 во 55 минута и тоа беше крајот. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk