Германската федерација реши да одговори на зачестените повици за откажување на настапот на СП Египет.
Германската федерација (ДХБ) не чекаше предолго за да одговори на се позачестените повици да се откаже настапот на СП Египет и јануари да се искористи за да се одиграат заостанатите натпревари од Бундес лигата.
Германија ќе игра на СП е објавата на ДХБ. Не се работи за заработка, ниту за лојалност кон ТВ партнерите. Се работи генерално за ракометот. Замислете да требаше да се игра во Германија, да вложевме милиони, направевме протокол и Франција, Шпанија и Скандинавците да речеа - ние не доаѓаме. Немаше да ни биде смешно, вели претседателот на ДХБ, Андреас Михелман.
Но...
Свесна за ризикот по здравјето на ракометарите, Германија остава на секој играч индивидуално да реши дали сака да оди на СП.
Германија нема да им врши притисок или да има какви и да е мерки против тие што нема да сакаат да настапат на овој мундијал.
На зборови такви играчи имаше многу, но да видиме дали кога ќе стигне повикот на Алфред Гисласон се уште ќе размислуваат така.