Ракометарите „избркани“ од (ОИ) Париз

Францускиот Олимписки комитет одлучи ракометниот турнир на ОИ Париз да се игра во Лил. 



Ракометот ќе биде дел од ОИ Париз, ама исто како да не е. Ракометот во еден момент беше и кандидат за централниот терен на Ролан Гарос, додека не се побунија тенисерите. По ова Францускиот Олимписки комитет му залепи силна шлаканица на ракометот. 
Ракомет на ОИ Париз, ќе се игра во Лил, на 230 километри од Париз. 

Тоа е статусот на најуспешната репрезентација во светот, во државата каде што ракометот е најуспешен колективен спорт.
Играчите нема да бидат во Олимпиското село, медиумите што ќе бидат акредитирани за следење ракомет, исто така. Разочарувањето е големо кај француските ракометари, другите уште не ја ни процесирале информацијата како што треба. 

Би можел и ИХФ кој дели вајлд карти преку океанот и освојува пазар за ОИ 2028, во агендата да додаде лобирање и за Париз и да се обиде со Француската федерација и сите пријатели што ги има во Олимписките кругови, да издејствува ракометот на ОИ Париз 2024, да се игра во Париз. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk