Пролет се реваншираше на КЛ7, бодови за Охрид и Металург

ПРОЛЕТ - ГОЛДЕН АРТ КЛ7  23-20 (12-11)
Мајнов 6, Аларов 4, Пејовиќ 4 - Ѓоргоски 6, Симоноски 4

Пролет не без мака го совлада тимот на Голден Арт КЛ7 и се реваншираше за поразот на нивното последно соочување пред вечерашата средба. 
Постариот скопски тим овој пат беше и засилен со црногорскиот бек Пејовиќ, но резултатски не беше доминантен, иако водеше во текот на целиот натпревар. Гостите беа сосема рамноправни и постојано беа резултаски блиску, во неколку наварти и израмнуваа што беше карактеристика на натпреварот особено во првиот дел (5-5, 9-9, 10-10, 11-11). 
На полувреме Пролет имаше предност 12-11, а последен пат на мечот беше израмнето 14-14. Потоа домашните со два гола по ред поведоа со 16-14 и од тој момент до финишот резултатот беше два или еден гол предност за Пролет. Така беше со 19-18, кога Пролет постигна два гола по ред и поведе за прв пат со плус три (21-18) и таа предност ја задржа и до крајот на мечот. 



РАДОВИШ - ОХРИД  22-28 (12-14)
Илиев 5, Постолов 4 - Тот 5, Блажевски 4, Манасков 4

По денешниот пораз од Охрид на свој терен, Радовиш со вкупно девет бода, сериозно заостанува зад Струга и Голден Арт КЛ‘ кои имаат 13 бода во трката за Плеј оф.
Охриѓани беа преголем залак за домашниот состав, иако Радовиш даде се од себе за да направи изненадување. Беа домашните во благо водство на почетокот, но ја презеаа охриѓани контролата, па имаа и плус двда на полувреме. 
Предноста од два гола (14-12) стана три (13-16), пред Радовиш да почне офанзива со која израмни 16-16, а потоа на двапати и водеше (18-17 и 19-18). Но, рековме, Охрид беше преголем залак, а најдоброто од домашните заврши со водството од 19-18. 
Потоа Охрид поведе, а кога од 20-19 со серија од 4-1 дојде до 24-20 победникот беше решен. До крајот гостите уште и станаа доминантни и средбата ја решија во своја полза со солидни шест гола разлика (28-22)



МЕТАЛУРГ - ПРИЛЕП  38-24 (20-15)
Серафимов 6, Хорват 5, Лазаревски 5, Кондев 5 - Мириани 6, Чантурија 4, Шокоски 4, Бикоски 4

Натпревар што резултатски имаше најмалку што да понуди беше натпреварот Металург - Прилеп. Средбата заврши со победа од 14 гола разлика за домашните, но за да добиете вистинска слика за овој меч, треба да знаете дека Прилеп беше рамноправен во голем дел од првото полувреме. Со резултат 12-11 се играше безмалку гол за гол, а потоа со серија од 7-2, Металург поведе со 19-13, а на полувреме беше 20-15. 
Во второто полувреме, пак, Металург беше целосно доминантен и на петте гола предност од првите 30 минути, им додаде уште девет. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk