Репрезентативките на Шведска успеаја да скршат кошаркарска табла на загревање
Да се скрши кошаркарска табла на загревања за кошаркарски меч е во рамките на нормалното. Да се скрши кошаркарска табла на загревање на ракометен натпревар, е момент што си најде место во нашата рубрика „занимливости“.
Овој уникатен подвиг им појде од рака на ракометарките на Шведска во загревањето пред натпреварот со Унгарија. Кошот бил во вертикална позиција, кренат над игралиштето.
На некоја од ракометарите и успеало да ја погоди таблата, и тоа веројатно доста силно, по што таа потоа удрила во кровната конструкција и се претворила во дожд од срча од кој за среќа никој не настрадал, иако неколку ракометарки биле добро погодени.