РАБОТНИЧКИ - Е. ПЕЛИСТЕР 2 28-23 (14-12)
Ончев 11, Крстевски 6 - Кузманоски 5, Дрогришки 4, Талевски 4
Работнички станува опасност за фаворитите. Откако минатото коло го изненади Бутел Скопје, сега освои три бода и од дуелот со Е. Пелистер 2.
Тоше Ончев ја препороди скопската екипа, а на овој меч со 11 гола беше клучниот фактор. Првиот дел мина во израмнета битка во која домашните освен по почетните 0-1, имаа резултатска предност цело време, но максимум со два гола разлика колку што беше и на полувреме.
Во вториот дел, Работнички ја зголеми разликата на плус три, а клучниот период беше кога од 23-20, со серија од 4-0, стигнаа до 27-20 и ги решија сите дилеми.
СТРУГА - АСТРАИОН 32-27 (18-13)
Николиќ 7, Рајатовски 6, Илиевски 5, Костовски 5 - Караиванов 7, Кавазов 7, Касапов 6
Струга освои важни бодови од дуелот со струмички Астраион. Домашниот состав беше чекор два понапред од противникот од првиот до последен момент.
Поведе 5-3, гостите израмнија на 5-5, но потоа Струга одново имаше предност (8-5) и постојано, не во серии туку со континуирано одржување на ритамот и притисокот врз противникот успеваше да ја одржува, а потоа и да зголемува предноста до 18-13 на полувреме.
Во второто полувреме, разликата се искачи на 6-7гола предност (22-17, 26-20), а добрита голгетерска партија на Кавазов и Касапов кои му се придружија на Караиванов со вкупно 13 гола, не даде резултат.
Струга имаше комотно водство и без проблеми стигна до победа.